Навиката на земјоделците да палат стрништа, ги намалува приносите

Секојдневно горат стрништата во кочанско, виничко и овчеполе. Старите земјоделски навики пред пролетната сеидба освен што предизвикуваат пожари, коишто неможат да се контролираат, прават и  големи штетети со тоа што ги намалуваат приносите на земјоделските култури. Според експертите од Земјоделскиот институт, оддел за ориз во Кочани време е за поголема едукација на земјоделците на терен. Сметаат дека и државата треба да помогне во набавка на механизација, со што ќе се спаси и сламата по жетвените активности.

Загрижува што земјоделците од кочанскиот регион ваквите стручни совети ќе можат да ги добиваат уште само шест години. Одделот за ориз на земјоделскиот институт при универзитетот Свети Кирил и Методиј, а кој меѓу земјоделците е познат како Институт за ориз останува без научни работници, кои за некоја година заминуваат во пензија. Од 30 тина вработени, во него останале да работат само двајца научници и еден правник. Потребно е овој оддел да се подмлади.

Празни се лабараториите, опремата со којашто научниците треба да истражуваат е застарена, последен пат добиле опрема, кога истражувале за турските сорти на ориз. Добиваат пари само за плата, не и за наука. Зградата во којашто работат одамна требало да се реновира. Според научниците оризот има перспектива во кочанскиот регион, но за да оваа култура опстои потребни се и инвестиции во истражувањата, кои на земјоделците ќе им донесат подобри и поквалитетни приноси.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ