НАТО се обидува да ги исполни барањата на Трамп за расходите

Американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен повторно да побара на самитот на НАТО во Брисел, Европа и Канада да ги зголемат трошоците за одбраната, иако за сојузничките армии веќе се ветени милијарди долари.

Во 2014 година НАТО прифати секоја земја-членка да го зголеми својот воен буџет на два проценти од БДП до 2024 година, а вкупно од 2015 година расходите на Европа и Канада се зголемија за речиси 90 милијарди долари.

Само две третини од 28 сојузници, со исклучок на САД, имаат реален план за постигнување на нивото од два отсто до 2024 година, велат дипломатите на НАТО. Во 2017 година Вашингтон потроши 3,57 отсто од БДП за одбрана.

Сепак, европските официјални претставници тврдат дека само 15 отсто од американските расходи одат во одбраната на НАТО во Европа. Вашингтон плаќа околу 22 отсто од трошоците за одржување на НАТО, вклучувајќи го и седиштето и за опрема, како што се авионите за разузнавање АВАКС.

Велика Британија го одржува воениот буџет од нешто повеќе од два отсто веќе неколку години и се очекува да биде исто и оваа година. Но, Трамп се обиде да го задржи притисокот, дефинирајќи ја целта на НАТО како „едвај минимум”.

Во писмo oд минатиот месец од американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, до неговиот британски колега, Гавин Вилијамсон, тој се закани дека Британија ќе биде заменета од Франција како најблизок воен сојузник на Вашингтон, ако Лондон дури и не ги зголеми своите воени трошоци.

Франција има намера да ги зголеми своите воени трошоци за повеќе од една третина до 2025 година. Во 2018 година Париз ќе потроши 1,81 отсто од БДП за одбрана.

Грција е друга земја која им доделува големи пари за таа ставка, надминувајќи ги само САД за 2017 година, и тие потрошиле 2,38 отсто од БДП за одбрана.

Полска и Естонија се исто така само на граница од два отсто, додека Летонија, Литванија и Романија се очекува оваа година да влезат во оваа група според нивните планови за 2018 година

Германија е најголемата загриженост на Трамп со 1,24 отсто од БДП во 2017 година за одбрана и според проценки ќе инвестира толку и во 2018 година.

Берлин нема да ја исполни целта на НАТО во 2024 година, но наместо тоа очекува да го зголеми своето трошење на 1,5 проценти до 2025 година.

Во очите на американскиот претседател, други „непочитувачи“ се Канада и Норвешка, иако Отава има намера да го зголеми буџетот за одбрана за речиси три четвртини во следната деценија.

Три сојузници се очекува да потрошат помалку од 1 отсто од нивниот одбранбен БДП во 2018 година: Белгија (0,93 отсто), Луксембург (0,55 отсто) и Шпанија (0,93 отсто). Италија и Шпанија ќии економии беа сериозни ослабени од кризата во еврозоната нема да јапостигнат целта до 2024 година, а Унгарија сака тоа да се случи во 2026 година.

Претходно овој месец белгискиот премиер Чарлс Мишел доби писмо од владата на Трамп, барајќи од неговата земја да ги зголеми трошоците, но премиерот рече дека не е „многу импресиониран”. Белгија има намера да ги зголеми средствата за оваа ставка до 2030 година.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ