Наскоро во функција киното во „Железничка зграда“

„Железничката зграда“ е редок градски пример кој во себе содржи просторија која првенствено била наменета за станарите на оваа зграда. Киното во неа беше местото за кое не врзуваат многу спомени и затоа неговото ставање во функција, не е само носталгија туку и нов почеток, вели Слободан Кочовиќ.

Во оваа зграда пред земјотресот бевме 450 деца, значи сме живееле по две фамилии во стан, сме се дружеле сме имале една дисциплина, едно заедништво меѓу нашите родители. Киното како деца беше радост ќе дојде филм ќе се прожектира, цртан филм и ние сме биле многу задоволни, вели станарот Слободан Кочовиќ.

Станува збор за долг процес кој го започнавме уште 2014 во рамките на проектот „Кога зградите би зборувале“. Железничката зграда е уникатна токму и поради заедничките простори, смета Јовановски.  

Идејата е да се направи едно убаво партнерство помеѓу активности битни за заедницата, културни активности важни за заедницата, простор кој може да го користат млади уметници и архитекти. Активности во корелација за заедницата и не случајно тој простор е направен на вториот кат кој ќе ја обединува заедницата., вели Филип Јовановски, Факултет за работи што не се учат.

Со поддршка на општина Центар и донации кои во претстојниот период ќе се собираат „Железничката зграда“ повторно ќе ги обедини не само станарите, туку  и сите оние на кои им недостига маалскиот живот. 

Сакаме оваа зграда која е симбол на Центар, но пред се на оваа населба каде што живеат граѓаните да направиме напори да ги обновиме сите нешта кои во изминативе години ги обединувале луѓето. Тоа е пред се обновување на целата оваа зграда, места каде се собирале луѓето, вели градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.

Долгиот процес на работа со заедницата на станари во оваа зграда беше заокружена и со престижната награда „Златна трига“ на авторите Филип Јовановски и Ивана Васева на „Прашкото квадриенале“ 2019.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ