Наскоро нова патарина на Демир Капија – Смоквица, цената не се знае

Уште само месец и половина по автопатот Демир Капија – Смоквица ќе се плаќа само една патарина од 100 денари. Привршува изградбата на втората патарина на оваа делница па се очекува наскоро и првата наплата на патарина. Оваа вест денеска на прес конференција за тоа што сработило претпријатието за државни патишта ја обелодени директорот Зоран Китанов кој не открива колкава ќе биде цената која ќе ја плаќаат возачите. 

Според неофицијални информации цената на новата патарина би се движела од 60 до 80 денари. Вкупно до сега од скопје до гевгелија или поминати околу 180 километри се плаќаше 280 денари. Со покачувањето патарината за оваа делница би се движела околу 350 денари.

Ако се спореди со Србија во земјава цената на патарините е речиси идентична. Со покачувањето од Прешево до Белград или за поминати околу 380 километри српските патишта наплаќаат 1 500 динари или 750 денари. Тоа е двојно повеќе од земјава но и релацијата е двојно подолга. Инаку Китанов се пофали дека годинава значително се зголемени приходите од патарини, а вели дека може да се размислува и за воведување на фри флот наплата што би значело поставување камери на сите патишта низ земјата без разлика дали се автопати.  Така ќе се следи движењето на возилата за цел месец по регистрација.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ