Нашите деца сакаат чист воздух – протести во Кочанско

Со маски на лицето, транспаренти: „Нашите деца сакаат чист воздух“ денеска жителите од кочанскиот регион протестираа на две локации.

Жителите на селото Бели, во чија близина се наоѓа Градска депонија и е еден од загадувачите на овој регион го блокираа патот кон Пониква.

Чадот од постојаните пожари на депонијата секојдневно ги гуши 500-ните жители од селото.

По овој пат се пропуштаа само туристите, но не и камионите со смет.

Истовремено протест во Кочани организираа граѓанските здруженија, бараат под итно да се преземат мерки за трите лоцирани загадувачи, депонијата, фабриката за хартија Пејпер мил и палењето на стрништата.

Добиле и поддршка од невладини од странство кои им испратиле мерни инструменти.

Локалните власти денеска на кочанчани кои протестираа за почист воздух им образложија дека се преземени повеќе мерки против загадувачите.

Но, жителите на кочанско Бели најавија дека и утре нема да дозволат камионите со смет да одат кон депонијата.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ