Народна банка пак ја намали каматата, сега е 2,25 отсто

Народна банка ја намали основната камата, сега таа ќе изнесува 2,25 проценти, што значи ново релаксирање на монетарната политика. Тоа следува по оценките дека продолжуваат поволните движења на девизниот пазар, нема притисоци во надворешниот сектор и постојат стабилни согледувања на домашните субјекти. Исто така, домашните цени растат умерено и немало притисоци и на тој план. За македонската економија, која во последниот квартал лани порасна за 3,7 отсто, од НБМ очекуваат натамошни поволни движења во економијата, забрзан раст индустријата и на прометот во трговијата.

Оваа камата важи за сигнал за движењето на банкарските камати на кредитите и на депозитите. Како ќе ги формираат нивните камати банкарите сами одлучуваат, но намалувањето на основната камата на НБМ за нив очично треба да служи како репер за снижување на нивните камати и за одобрување поголем обем на кредити.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ