Народна банка останува на прогнозите дека економијата годинава ќе порасне за 3,5 отсто

Народна банка останува на своите претходни проекции дека македонската некономија годинава ќе порасне за 3,5 проценти.

Гувернерката Анита Бежовска вели дека главните ризици се ниските капитални инвестиции, и затоа се очекува нивен раст во наредниот период, како и очекуваното забавување на глобалниот економски раст, особено на германската економија чии раст годинава се очекува да биде преполовен според прогнозите на ММФ, а таму оди околу 50 проценти од извозот на земјава.

Како позитивен ризик пак, се смета забрзувањето на процесите на евроатланстките интеграции на државава, кое може да донесе повисоки странски инвестиции, но тоа не е пресметано во најновите проекции на централната банка.

Главниот двигател на растот се очекува да биде домашната побарувачка, а нето извозот да има негативен придонес.

Инфлацијата годинава ќе биде пониска од претходно предвидената и ќе изнесува 1,5 проценти.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ