Народна банка ја намали основната камата на 3 отсто

Народна банка на Македонија ја намали каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени, со што таа сега е на ниво од 3 отсто. Во носењето на оваа одлука од централната банка се раководеле од фактот што економските основи и натаму се здрави, без присуство на нерамнотежи.

Утврдено е натамошно стабилизирање на довербата и очекувањата на економските субјекти, видливо преку поволните движења на девизниот пазар и постепеното забрзување на депозитниот раст, а последните оценки се дека и надворешното опкружување е подобро од очекуваното, и со тоа има подобар амбиент и помали ризици врз домашната економија.

Од НБМ велат дека за првиот квартал од годината, податоците за индустријата и трговијата сигнализираат подобрување на состојбата на домашната економија. Инфлацијата е малку пониска од проекциите.

Каматата на благајничките записи всушност е репер врз основа на кој се пресметуваат сите останати камати, и на кредитите и на депозитите во домашните банки.

 

 

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ