Наредби за крвавиот четврток доаѓале од ВМРО-ДПМНЕ, тврдеше Нинџа

Осми кат Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Тука се наоѓаше парамилитарен штаб од каде доаѓаа насоките за инцидентите на крвавиот четврток. Вака сведочеше Александар Василевски – Нинџа обвинети во процесот за настаните од 27 ми април. Пред 18 часот му се јавил екс директорот на УБК Сашо Мијалков да оди во база, во тоа време така го викале штабот на ВМРО-ДПМНЕ но и Мериот. Се упатил во штабот, таму Мијалков не бил но биле Билјана Бришковска, Споиро Ристовски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Митко Чавков и Владимир Атанасовски. Сите разговараале на телефон.

Бришковска комуницираше со Вељановски, рече дека првиот план пратениците да направат инциденти и се степаат, не успеал. До Вељановски даде насоки да се отворат вратите. Јанакиевски со пратеници, Ристовски со организаторите на протестите, Божиновски ги викаше сите општински комитети. Чавков на Митко Пешов и Ивица Вучевски им даде наредба за пасивна употреба на сила на полицијата. Од тука се координираше се што се случи на 27 април, како идеше масата така се добиваа подиректни наредби, сведочеше Василевски.

Нинџа уште сведочеше дека екс директорот на УБК кој сега е во притвор Владимир Атанасовски го слушнал како коментира, така им треба на комуњарите кога сакаат да бираат претседател. Му кажал дека во штабот на ВМРО ДПМНЕ во моментот е Борис Јосифовски, од кабинетот на Иванов и дека се планира воена состојба. Но по притисок на странски фактор како што рече тоа не се случило. Вечерта бил и со Горан Груесвки и Никола Бошковски, од петтата управа, кои моментално се избегани во грција. Во еден момент Грујевски рекол дека не е на арно, дека некој друг превзел команда и дека полицијата веќе делува. Бошковски пак наредил Сашо Марковски од УБК кој е меѓу обвинетите да ги украде снимките од безбедносните камери. Дисковите Биле уништени на преса и фрлени во вардар.

Инаку Нинџа дел од сведочењето го посвети и на организаторите на протестите „За заедничка Македонија“. Тврдеше дека ги гледал како излегуваат од канцеларијата на секретарот Кирил Божиновски кој го викале Благајник. Тврдеше дека на организаторите им биле пишувани говорите од штабот и дека за тоа земале пари. Тие се обидоа да го докажат спротивното. Дел од адвокатите прашаа дали нинџа се спогодил со обвинителството за да даде таков исказ.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ