НАПОЛИ СО УЛТИМАТУМ ДО МЕРТЕНС

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис  му порачал на Дрис Мертенс  дека има рок  од  една недела за да одлучи дали  ќе  го продолжи договорот  или ќе си оди од клубот.33 годишниот  офанзивец  има понуда од Интер каде тренерот Антонио Конте  посакува  белгиски напаѓачки  тандем Мертенс – Лукаку. Тековниот договор на Мертенс во Неапол истекува на 30 јуни годинава.Фудбалерот од Белгија  ја  игра 8-та  сезона во дресот на Наполи  со 226 настапи во Серија А и постигнати 90 голови.Мертенс  дојде во Италија во  2013 година  со  трансфер од ПСВ .

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ