Наполи го доби Јувентус за неизвесна завршница во Калчо лигата

Наполи ја направи неизвесна завршницата и борбата за титулата во италијанскиот фудбалски шампионат. На гостувањето во Торино го совлада актуелниот првак Јувентус со 1:0 во рамките на 34 то коло и му се доближи на врвот на само еден бод негатива.

Стрелец на единствениот погодок беше Сенегалецот Калиду Кулибали во последната минута од натпреварот.

На четири кола до крајот од Калчо лигата, за освојување на Скудетото ќе се борат само овие две екипи, Јувентус кој е првопласиран со 85 бодови и Наполи со 84.

Неапол гореше по пристугнувањето на фудбалерите на аеродромот кои беа пречекани од 20 илјади фанови. Наполи во 1990 година последен пат ја освои шампионската титула во Италија.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ