Наместо да штеди на затвореници, Македонија не може ни на тендер да најде фирма за алките за затвореници и пробација

Ниту една фирма не се пријавила на тендерот за одржување на 400-тини затворенички алки кои Македонија ги купила уште пред 5 години, но ниту еднаш не ги употребила за пробација односно замена на затворот со домашно издржување на казната. Минатата недела тендерот е поништен, па ќе се бара начин како да се најде партнер за да профункционираат алките. Пробацијата е замена на затворските со алтернативни казни, како условни осуди, домашно издржување или корисна работа. И додека во Германија околу 70 проценти од осудените на затвор издржуваат казна надвор од затвор, кај нас има само еден таков затвореник од Тетово. Така државата наместо да штеди на ситните престапници плаќа полна цена што ги држи во затвор.

Заштедата не може да се оствари, а корист ќе имаат и локалните власти кои за некои работи пред се во одржување на уличната хигиена затоа што затворениците кои нема да лежат ќе треба да сработат и до 240 часа корисна работа за половина година. Но најголем проблем е што судовите уште не пресудуваат алтернативни казни од која најголема новост ќе биде заштитно набљудување од офицери за условни казни. Досега има само една таква пресуда, но обвинителството ја обжалило. Во моментот во Македонија има над 2400-тини затвореници.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ