Најнова анкета: 40,09 % од граѓаните на референдумот ќе гласаат „За“

Речиси 41 насто од граѓаните на референдумот ќе гласаат „за“. Ова го покажа анкета што за Телма и МЦМС во соработка со Инситутот за демократија – Социетас цивилис, која ја спроведен М проспект. Истражувањето е спроведено теренски во период од 07 до 25 август 2018, на национално репрезентативен примерок од 1000 испитаници.

На прашањето, како ќе одговорите на референдумското прашање, 40,9 % од анкетираните рекле дека ќе одговорат „за“, 8,6 % одговориле „против“, неопределени се 6,3 %, додека два проценти од анкетираните одбиле да одговорат.

Примерокот на испитаници врз кој е правена анкетата е повеќестепен стратификуван, репрезентативен според регион, пол, возраст, етничка припадност и место на живеење. Анкетираната популација се полнолетни лица граѓани на Македонија. Сите резултати се урамнотежени според официјални демографски статистички податоци од Државниот завод за статистика и Проценките за Население за 2017 година. Анкетата е спроведена на македонски и албански јазик.

Сите резултати во анкетата се подложни на статистичка грешка од ±3,1% со прифатливо ниво доверба: 95,0%.

Анкетата го проектира и цензусот на референдумот, а вкрстува и податоци за етничката припадност на анкетираните. Целосната анкета и анализа на податоците, гледајте ја вечерва во 19.15 во Топ Тема на Ваша страна на Телма.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ