Најмалку седуммина загинати по налетот на ураганот Марјкл во САД

Најмалку седум лица загинаа во налетот на ураганот Мајкл во американските сојузни држави Флорида, Џорџија и Северна Каролина.

Мајкл, најмоќниот ураган во континентална Америка во последните 50 години, го зафати северозападниот брег на Флорида во близина на Мексико Сити со ветер од 250 километри на час. Невремето уништи цели редови куќи, оставајќи ги само темелите.

Гувернерот на Флорида, Рик Скот изјави дека северозападниот дел на државата е претворен во слика на „незамисливо опустошување“.

Повеќе од 900.000 домаќинства, трговски и бизнис објекти во Флорида, Алабама, Џорџија, Северна и Јужна Каролина останаа без електрична енергија.

Движејќи се кон внатрешноста, ураганот уништи голем број далноводи и дрвја.

Метеоролозите предвидуваат значителни врнежи во Северна и Јужна Каролина и Вирџинија пред денеска ураганот повторно да стигне до океанот.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ