Надлежните признаваат, грешка во системот и нецелосни закони се причина за дивоградбите на Матка

Два закони кои се судираат, едниот за легализација и вториот за заштитени подрачја односно за заштита на природата, недореченостите и пропустите во нив и дупките кои индивидуалците вешто ги користат се клучната причина поради која сега се расправа како се појавија  дивоградби во заштитената зона на Кањонот Матка и како дел од нив се легализирани. Ако законот за легализација односно закон за бесправно изградени објекти е прецизен и точно предвидува кои дивоградби може да се легализираат, законот за заштитени подрачја во принцип постои само на хартија бидејќи многу клучни детали недостасуваат. Кањонот Матка е заштитено подрачје но во него нема податоци каде се простира заштитеното подрачје на кое е забрането да се гради.

Заменик министерот Макрадули најавува дека мапирањето е готово и дека најдоцна до септември законот ќе стапи на сила и со тоа ќе се стави крај на дивоградбите во Кањонот Матка бидејќи јасно ќе бидат исцртани границите на заштитеното подрачје.

И градоначалнико на Општина Сопиште апелира законот за заштиита на природата што побрзо да биде изгласан бидејќи во моментот тој не може да спречи легализација на нова дивограба во кањонот Матка.

Државниот градежен испекторат, и покрај пробиените законски рокови, сеуште чека на извештајот на Општина Сарај околу трите платформи за кои градоначалникот најави дека ќе се обиде да ги легализира.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ