Надал во полуфиналето на турнирот во Монтреал

Првиот носител Рафал Надал успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот од Мастерс серијата што се одржува во Монтреал.

Фабио Фоњини успеа да го освои првиот сет со 6:2, но во продолжението Шпанецот успеа да направи пресврт и следните два сета ги реши во своја полза со 6:1 и 6:2.

Противник на Надал во полуфиналето ќе му биде победникот од дуелот меѓу Гаел Монфис и Роберто Баутиста Агут, кој поради лошите временски услови беше прекинат по само два одиграни поени.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Карен Хачанов и Данил Медведев. Хачанов во два сета со 6:3 и 6:3 го елиминираше третиот фаворит Александер Зверев додека Медведев славеше со 6:3 и 6:1 во дуелот против фаворитот број 2, Домниник Тим.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ