НАДАЛ ПО 11 ПАТ ЈА ОСВОИ БАРСЕЛОНА,172 НЕДЕЛА НА ВРВОТ ОД АТП ЛИСТАТА

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја продолжи победничката серија од настапите на земјени терени и се одржува на водечкото место од Светската ранг листа.Надал кој во финалето на турнирот во Барселона во два сета со 6-2 и 6-1 го порази Стефанос Циципас,ја забележа 19 победа по ред и вкупно 401 на црвената подлога, наметнувајки се како прв фаворит за РГ.После 11 трофеј од Барселона,шпанскиот тенисер ја почна 172 недела  со  100 бода повеќе од Роже Федерер  на врвот од АТП листата.Трет и натаму е Александар Зверев.Нема промени и на другите позиции од Топ 10.Чилиќ,Димитров,Дел Потро,Тим,Андерсон,Изнер и Гофан го задржаа пласманот од 4 до 10 место.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ