НАДАЛ ГО ПОБЕДИ ХАЧАНОВ И ЗАКАЖА ПОЛУФИНАЛЕ СО ФЕДЕРЕР

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал успеа да ги надмине болките во коленото и во двата сета во тај брејк( 7-6,7-6) го победи русинот Карен Хачанов.Дуелот од фазата на 1/4 финале на Мастерсот во Индијан Велс се одвиваше со проблеми за вториот на АТП листата.Надал закажа ”класик” со Федерер, но не можеше со сигурност да потврди во каква состојба ќе биде за полуфиналната пресметка.Надал и Федерер  го очекуваат 39 меѓусебен дуел.Шпанецот води со 23-15,но Федерер има  две победи од трите меча со Надал во Индијан Велс.Во другото полуфинале ќе се сретнат Милош Раониќ и Доминик Тим.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ