На протестите во Хонг Конг загина студент

Студент од Универзитетот во Хонг Конг, Чау Лок, кој падна од гаража откако полицијата фрли солзавец за време на судирите со антивладините демонстранти, почина рано утрово.
Болничката управа соопшти дека 22-годишниот студент им подлегнал на повредите, но не наведе дополнителни детали.
Демонстрантите бараат правда за загинатиот студент и обвинија неколку полициски службеници, нарекувајќи ги „убијци“.
– Неговата смрт е потсетник дека не можеме да се откажеме, изјави еден од демонстрантите за локална телевизија.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ