На Клинички има два апарати за преглед на тироидната жлезда кај 20 илјади пациенти годишно – наскоро ќе има и трет

Стотина пациенти на ден имаат закажано термин, 20 илјади годишно – а, има само два апарати за преглед на тироидната жлезда на Клинички. Едниот, стар веќе цела деценија. Пациентите чекаат најмногу еден месец за да дојдат на ред, велат од Институтот за патофизиологија. Има различни – и со 24 часовни упати и со седумдневни.

Здравствените власти сепак се пофалија дека на Институтот ќе се прегледуваат пациенти со три апарати, а не како досега со два. Медицинскиот факултет и јапонската амбасада потпишаа грант вреден 23 илјади евра, а апаратот ќе се набави преку јапонската грант програма за мали проекти.

Од Институтот за патофизиологија загрижено истакнаа дека во последниот период расте бројот на пациенти со нарушена функција на тироидната жлезда, но и малигни тумори.

Петар Догов

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ