На барање на јавното обвинителство во поранешно СЈО влегуваат државните ревизори

Дали Катица Јанева како специјален обвинител сторила кривично дело делела надоместоци на обвинителите и на самата себе јавното обвинителство ќе знае откако тимот од тројца ревизори ќе влезе во сега напуштеното обвинителство и ќе је прелиста целата документација.

Операцијата проверка на трошењето на парите во СЈО отпочнува еден месец порано од редовната државна ревизија.

Така побарало јавното обвинителство, а тим од тројца ревизори ке проверуваат како  обвинителите на специјалната Јанева примиле и до 100 илајди евра за 5 години за додатоци за доверливост.

157 илјади евра за Јанева си доделила самата специјална обвинителка.

Не штедела ниту на колегите на кои им префрлала од 70 до 107 илјади евра од 2015- та година па до самиот крај на постоењето на СЈО стои во дата- база податоците на „Отворени финансии“.

Јанева трошела и на возачот, на нејзиниот внук и на останатите службеници и технички лица кои добивале надоместоци и до 30 илјади евра за пет години. Редовната плата на обвинителите беше 1300 евра или 300 евра повеќе од редовното обвинителство.

4 милиони евра годишно се слеваа во СЈО, а како се трошеле тимот од ревизори вистината ќе ја соопшти за неколку месеци.

Павле Беловски

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ