Победа за загревање пред плејофот: МЗТ убедлив против Спарс

МЗТ Скопје со победа против Спарс Сараево од 93-77 го заврши регуларниот дел од сезоната во АБА2-лигата. Овој дуел беше само увертира на она што следува во плејофот, бидејќи токму овие два тима ќе играат меѓусебе во полуфиналето.

Натпреварот немаше никакво резултатско значење поради фактот што двете екипи остануваат на истата позиција без разлика на конечниот исход, односно МЗТ е трет, а СПАРС на втората позиција. МЗТ доминираше во текот на целиот натпревар и постојано водеше, а во третиот период дојде и до двоцифрена предност. Највисокот водство „металците“ го имаа од +18, односно со 78-60.

Предраг Самариџиски беше најдобар на паркетот со 26 поени и 14 скока, додека Иве Иванов постигна 19 поени.

Овие два тима ќе играат меѓусебе и во полуфиналето од плејофот, а првиот натпревар се игра следната среда во Сараево. Вториот дуел е во Скопје на 24 март, додека евентуалната мајсторка ќе се игра повторно во главниот град на Босна и Херцеговина на 28 март.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ