МЗТ Скопје одново не издржа во финишот, ФМП замина со двата бода

МЗТ Скопје го доживеа 11 пораз во кошаркарската АБА лига. Синоќа во Спортскиот центар Јане Сандански загуби од ФМП со 72:65 во 13 коло од Регионалното натпреварување.

Иако беше во одлична позиција по водството од 66:56 на половина од последниот период и да го извојува третиот триумф сепак, македонскиот првак не издржа во финишот и им го препушти мечот на гостите од Железеник, кои направија пресврт за шестиот триумф. Го прекинаа низот од три порази по ред за четвртата позиција на табелата со 19 бодови. МЗТ Скопје е закован на дното со 15 бодови.

Никола Павличевиќ влезе во вербален дуел со навивачите по завршувањето на натпреварот а тренерот Жељко Лукајиќ се извинуваше за непримерната постапка на Црногорецот.

Во осмиот пораз по ред кај домашниот тим Доминик Мавра со 20 поени беше најдобар стрелец, Бојан Трајковски постигна 14, Дамјан Стојановски 13 погодоци.

МЗТ Скопје следниот меч ќе го одигра во петок на 29 декември на гости кај Задар.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ