МЗТ Скопје ја преслуша Рогашка за пласман во плеј-офот во АБА 2

МЗТ Скопје и официјално се пласираше во плеј-офот во АБА2-лигата, откако вечерва со 84-70 ја совлада словенечка Рогашка во рамки на 20.коло.

Ова значи дека нашиот тим е помеѓу најдобрите четири екипи на табелата и ќе разигрува за пласман во елитното регионално кошаркарско друштво. Сега останува „металците“ да победат и на последните два натпревари за да стигнат и до второто место на табелата кое носи предност на домашен терен во полуфиналето.

Момците на Ѓорѓи Кочов во натпреварот влегоа бавно, па тоа им донесе предност на гостите по првиот период од 16-19. Веќе во вторите 10 минути работите почнаа да се менуваат, па МЗТ дојде и до двоцифрена предност, а на полувремето резултатот беше 44-35. Во 34-тата минута нашиот тим имаше и најубедлива предност од 27 поени разлика. Тука веќе победникот беше решен, па до крајот МЗТ одигра рутинирани за конечни 84-70.

Андрија Бојиќ со 17 поени беше најефикасен во редовите на нашиот тим, Лестер Медфорд и Иве Иванов постигнаа по 14 поени. МЗТ по 20 одиграни натпревари има скор од 14 победи и шест порази и се наоѓа на третата позиција на табелата.

На две кола до крајот и официјално ќе игра во полуфиналето од плеј-офот, а на последните средби со Сутјеска на гости и со Сарајево Спарс на домашен терен ќе се обиде да стигне до второто место кое носи предност на домашен терен во полуфиналето.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ