МЗТ НЕ УСПЕА ДА СЕ ВРАТИ ВО АБА 1,ЗАДАР ЈА ДОБИ ’’МАЈСТОРКАТА’’

Кошаркарите на МЗТ Скопје и  наредната сезона ќе играат  во втората Аба дивизија,откако претрпеа пораз на  мајсторката со Задар за кам бек во  АБА 1.

 

Задар  го пополни последното место во Аба лигата за наредната сезона.Хрватскиот тим славеше со 86-75 во мајсторката од баражот со МЗТ Скопје и со 2-1 ја затвори серијата.Клучни се покажаа минутите од првата четвртина кога домашниот тим создаде предност од плус 11.МЗТ се истроши во постојано бркање на резултатот иако стигна до егал од 70-70 на 4.минити до крајот но немаше сили за пресврт. Најзаслужен за победата на кошаркарите на Задар беше Зориќ со 29 поени кај  МЗТ Скопје најефикасни беа Медфорд и Иванов со по 22 коша.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ