Музичкото патешествие на Влатко Стефановски низ 90 дела

90 парчиња плакати и постери кои го разоткриваат богатото и разнолико музичко патешествие на Влатко Стефановски низ годините . Различни музички состави почнувајќи од Леб и Сол, па се до бројните солистички настапи ширум светот се изложени во Музејот на Град Скопје. Се работи за изложба на концертни и промотивни плакати кои се дел од личната колекција и архива на Стефановски.

  • Страв ме фаќа кога гледам назад. Страв ме фаќа од се што можело се случи. Затоа што премногу патувања, премногу превозни средства и премногу искушенија на тие патишта на кои сум бил.  Овде има разни епохи. Плакати од 70-ти, 80 ти , 2000 – та па наваму. Што да ви кажам благодарен сум на Севишниот што сеуште функционирам, рече Стефановски.

Филмот што ќе го отвори фестивалот е „Кит Ричардс: Под влијание“, портрет на Кит Ричардс, кој е срцето и душата на бендот „Ролинг Стоунси“, вели Георгиевски кој е воедно и организатор на Фестивалот на документарен музички филм. Скопје синема сити годинава става акцент врз документарни филмови каде што главна улога има гитарата како музички инструмент и луѓето кои ги посветиле своите животи на овој инструмен.

Во рамките на фестивалот Скопје Синема Сити кој ќе трае до седми септември ќе бидат прикажани десет филмови во Кинотеката на  Македонија.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ