Мурали на тема Ковид 19 и во Скопје

Уметниците ширум светот низ својата креативност дадоа свое видување на влијанието на глобалната пандемија.  На пет локации во Скопје со пет различни мурали група уметници потсетуваат на сите оние кои даваат свој придонес секојдневно во борбата со Ковид 19.

Сите ние како уметници во овој момент решивме да правиме нешто што најдобро знаеме да го правиме, а тоа е да се бавиме со уметност. Така беше и со претходните акции. И еве се подготвуваме да се вратиме според најавите во некоја „ненормална нормалност“. И добро е да не се општиме премногу и да се потсетиме на тоа дека треба да се внимава. А од друга страна и да дадеме една благодарност на оние кои беа на прва линија на одбрана: здравство,комунални служби, сите доставувачи на храна, продавачи, полиција која овозможи општеството да функционира, изјави Никола Писарев.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ

Вести

Лазаревиќ во “Еврофокус”: Потребна е директна комуникација со граѓаните за објаснување на потребата од мерките против пандемијата

Поранешниот заменик министер за здравство, Владими Лазаревиќ, во денешниот “Еврофокус” оцени дека нашата држава спровела...