Мун тврди дека е рано за песимизам, Пјонгјанг и понатаму за дијалог со САД

Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин изјави денеска дека е рано да се биде песимистичен во врска со застојот во разговорите за денуклеаризација меѓу САД и Северна Кореја, потенцирајќи дека соработката меѓу двете Кореи може да помогне во олеснување на патот за укинување на санкциите.

Обраќајќи се на новогодишната прес-конференција, Мун рече дека Северна Кореја се уште не ја затворила вратата за дополнителни разговори, и покрај непријателската реторика што доаѓа од таа земја.

– Северна Кореја јасно стави до знаење дека вратата за дијалог не е затворена, велејќи дека ќе се вратат на преговорите кога ќе бидат прифатени нивните барања, објасни Мун.

Мун додаде дека има потреба да се истражи „нова идеја“ за да се пробие ќор-сокакот во преговорите.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ