Мртов маж најден на паркинг во Ново Лисиче

Тело на мртов маж е најдено на паркингот кај стара последна 5-ка во Ново Лисиче.

Телото е откриено во 17.15 часот.

Мажот е струполен и се наоѓа зад автомобил паркиран на обележаните места.

Првичните сознанија се дека станува збор за жител на соседната зграда.

Полицајци пристигнаа на терен и се очекува и крим техника да изврши увид.

Засега нема информации за можната причина за смртта на починатиот.

Дополнување (17:54):

МВР за Телма го потврди случајот. Соопштија дека на телото не се најдени траги на насилство. Починатиот граѓанин е роден 1943-та година, а лекарските претпоставки се дека смртта настапила од здравствени причини. Од МВР велат дека телото не е предадено за обдукција и дека нема такво барање од надлежните органи.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ