МОТО ГП: Откажани три трки,сезоната може да продолжи во јули

Дорна соопшти дека официјално се откажи трките во Германија,Холандија и во  Финска.Најавите се дека сезоната ќе може да се заврши со 10 до 12  Гран При викенди ,ако не се патува надвор од Европа.’

,,Ќе биде тешко без гледачи,но наша идеја е да почнеме со МОТО ГП класата и  да продолжиме  во Мото 2 и Мото 3 кон крајот на јули а да завршиме во ноември’’-изјави Кармело Еспелета,член на УО на Дорна ,организатор на СП во брзински мотоциклизам.

Во 2020 се одржа само трката во Катар и тоа во двете помали класи со триумф на Татсута Накашима во МОТО 2 и на Алберт Арењас во МОТО 3.  Во меѓувреме, од тимот на Сузуки  во ,,Кралската класа’’,објавија дека Жоан Мир и Алекс Ринс  ќе бидат нивниот  возачки тандем и за наредните две сезони.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ