Морина излегува од притвор, со мерка за претпазливост

Се  укинува мерката притвор за Томор Морина, Основниот кривичен суд – Скопје му определи мерка за претпазливост – привремено одземање на патната исправа и друг документ за преминување на државна граница.

Одлуката, соопштија од Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, е донесена по добивање на одлуката на Врховниот суд на РСМ со која се потврдува решението на  првостепениот суд во кое е утврдено дека не се исполенти условите за екстрадиција на Томор Морина во Р.Србија, и постапувајќи по предлог на адвокатот  на притвореното лице за укинување на мерката притвор.

Србија нема да се откаже од потрагата по сторителите на најтешките дела против човештвото, порача спрската министерка за правда Нела Кубуровиќ по одлуката на Врховниот суд.

„За жал, со оваа одлука на Северна Македонија, политиката уште еднаш беше ставена над правото и правдата. Ова е голем срам за меѓународното право, но тоа е уште поголем удар и голема тага за семејствата на жртвите, кои со децении чекаат правда за своите најблиски. Иако сите потребни придружни докази беа доставени до властите на Северна Македонија, одлуката беше донесена спротивно на вистината и фактите“, напиша Кубуровиќ.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ