Мора да биде драма: Македонија ја совлада Црна Гора за пласман во главната фаза

Македонија ја совлада Црна Гора со 29-28 во рамки на второто коло од Групата Ц и се пласираше во главната фаза од Европското првенство.

Со вечерашната победа нашата селекција е на првото место во својата група со максимални четири бодови.

На полувремето Црногорците водеа со 16-15, но во вториот дел нашите ракометари ја подобрија одбраната и дојдоа до значајна победа од 29-28.

Филип Кузмановски беше играч на натпреварот со пет постигнати погодоци, Кире Лазаров и Дејан Манасков постигнаа по четири гола.

Во последното трето коло од првата групна фаза играме со Германија во среда.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ