МОН и дел од јавните универзитети се договориле за формирање на нов синдикат

Министерот за образование и наука, Адеми и ректори на неколку јавни универзитети се договориле за формирање на новиот синдикат со цел пред изборите во април да го потпишат колективниот договор , за да се изборат за остварување на точката за ветеното покажување на платите за 10% од овој месец, вели ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски. Тој се повика на членот 220 од Законот за работни односи, кој како што рече, не забранува формирање нов синдикат на ниво на јавни високо- образовни установи во земјава и покрај негодувањето на Независниот академиски синдикат и на СОНК, кој лани, со месеци преговараше со владата за зголемување на платите во образованието.

Ректорот Јанкуловски, без да објасни како, рече дека за ден и половина, успеале да постигнат репрезентативност како нов синдикат, иако решението за репрезентативност го доби СОНК минатата година, со потпис на тогашната министерка за труд и социјала, Царовска.

  • Заради краткиот период, ние заеднички одлучивме со МОН и заеднички состанок имавме со министерот и ректорите од јавните универзитети, одлучивме само таа точка да биде. Во иднина секако дека тој колективен договор ќе се прошири со други точки, изјави-Никола Јанкуловски-ректор на УКИМ.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ