„Моите омилени нешта“ – изложба на Менсур Бојда

Вљубеник во џез музиката, Менсур Бојда во своите дела ја разоткрива функционалноста и вештината на изработка на едно пијано кои создаваат разновидност на емоции.

John Coltrane рече дека главната работа што некој музичар би сакал да ја направи е да му даде слика на слушателот на многуте прекрасни работи за кои знае и ги чувствува во универзумот, вели Риота Сато  за најновата изложба на Бојда насловена според истоименото дело на Coltrane „Моите омилени нешта“.   

 “Конкретно овие дела се инспирирани од еден мој седум осум месечен период каде се занимавав како самоук со пијано, но многу повеќе од визуелен аспект,  не од музички аспект. Никогаш немав амбиција тоа да стане сериозен правец туку запленет од клавијатурата како форма и сакав да направам нешто со неа” – вели Бојда.

 “Бидејќи Менсур долго време работеше со музика, посебно со пијаното и неговата функција .Следствено на тоа се осврнавме да ги инкорпорираме механичките аспекти на пијаното и неговата убавина низ звуците– додава кураторот на изложбата , Риота Сато.

Во изминативе три години Менсур Бојда живее и твори во Њујорк. Факт е дека сите сакаат да си ја пробаат својата среќа токму во Њујорк, град кој ги прифаќа сите на почеток, но е брутален во својата селекција,  вели тој.

Агресивна средина во која што не е лесно да се фати ритамот. Меѓутоа трудот се вреднува и е многу лесно ако го прифатите тоа темпо и ако решите дека ќе вложите се, ќе ви се врати и јас можам да кажам дека со неков вид на леснотија ги совладав тие ситуации со новата средина” – подвлекува Бојда.  

Во уметничката дејност на Менсур Бојда се вбројувааат повеќе самостојни и групни изложби во земјава и странство.  

Делата на Менсур Бојда во Галеријата Грал ќе бидат изложени до крајот на неделава.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ