„Модна револуција Македонија“ со свое прво претставување во „Јавна соба“

Со размена на облека и прикажување на документарниот филм „True Cost“, кој ни ја доближува реалноста зад убавото лице на модниот свет и производството во модната индустрија тимот на Модна револуција Македонија денеска го одржа својот прв настан во „Јавна соба“.

Продолжувањето на векот на нашата гардероба придонесува за намалување на загадувањето на животната средина, со оглед на тоа што модната индустрија е втор по ред загадувач во светот. „Секој мал чекор е придонес за намалување на загадувањето и поддржување на одржливата мода“, велат од Модна револуција Македонија која е дел од дел од глобалното движење Fashion Revolution во кое учествуваат повеќе од 80 земји од целиот свет.

Облеката која нема да најде нов сопственик за време на настанот ќе биде донирана на организацијата „Љубезност“.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ

Вести

„Медена земја“ од четврток ќе се прикажува во Прилеп Наградуваниот макеонски документарен филм „Медена земја“...