Многу теории за нов директор на БЈБ по барањето за разрешување на Велковски

Владата се уште нема закажано седница за редовниот термин во вторник. Најжешка тема која се очекува да се расправа е разрешувањето на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски кое министерот Спасовски го обзнани пред два дена. Од владата кратко соопштуваат дека такво писмо уште не е стасано до нив:

„Предлогот на министерот Спасовски, согласно процедурите, ќе биде ставен на дневен ред на седница на владата на Република Македонија, до кога се очекува да биде доставен“, е одговор од владата за разрешување на директор на БЈБ на МВР.

Спасовски е на одмор до 13-ти август до понеделник, барањето ќе може да го потпише тогаш кога ќе се врати од Црна Гора. По вибер му поставивме прашања за дали ќе биде поднесено барањето и дали во пакет ќе прати и предлог за нов директор на полицијата. Пораката ја виде, но не ни одговори. Имиња за евентуален нов директор на Бирото нема во јавноста, има претпоставки дека нов директор ќе биде од посебните специјални единици на МВР, но истотка има идеи и за нов директор да биде назначен припадник на другата служба во МВР, Управата за безбедност и контраразузнавање.

Министерот кој е на одмор во Црна Гора засега не открива имиња. Директорската позиција во полицијата ја држеше од јуни лани, Лазе Велковски. Разрешувањето е побарано откако беа објавени фотографии и видео за користење на полициски џип, со кој се превезувала неговата ќерка на одмор на камп во Грција, откако Велковски проценил дека има закани кон него и неговото семејство. Опозицијата пак цело време го обвинува Спасовски дека е време да си даде оставка, иако некои пак коментираа дека во МВР се случува внатрешка пресметка меѓу групации блиски до различни крила на СДСМ.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ