МЛАДИНЦИТЕ ПОРАЗЕНИ ОД РУСИЈА

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП ДО 21 Г. МАКЕДОНИЈА – РУСИЈА 3-4
Македонската селекција за играчи до 21 година не успеа да ја прекине серијата порази во квалификациите за ЕП во Италија.Денеска во Скопје младинците загубија со 4-3 од Русија.Во петтиот меч во групата 7,одигран на тренинг центарот на ФФМ, Петар Милошевски,фудбалерите на селекторот Благоја Милевски беа во негатива од два гола во финишот на првиот дел.Облијаков во 25 минута од слободен удар и Мелкадзе во 37-та обезбедија добра позиција за русите.Амановиќ од пенал во 41 минута намали на 1-2.Петковски во 64. погоди за 2-2 и донесе нова надеж,но радоста траеше само 5 минути.Мелкадзе по втор пат го матираше Јанков за 2-3 .По втор пат на листата стрелци се запиша и Амановиќ откако во 66-та се поправи по ударот од белата точка и успеа да го совлада Обуков.Сепак гостите на крајот се радуваа.Бакаев погоди од далечина во дополнителните минути за финални 3-4 во Скопје. На табелата во групата 7,Русија има два бода помалку од водечката Србија која со 15 бодови вечерва гостува кај Гибралтар.Австрија со 9 бодови е на 3.место пред Ерменија со 7.Македонија и Гибралтар на последните две позиции имаат по 3 бода. На 27 март младинците и гостуваат на Австрија.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ