МКФ им даде нови рокови на прволигашите да ги платат котизациите, лиценците и казните

Македонската кошаркарска федерација на барање на Здружението на прволигаши им даде нови рокови на прволигашките клубови да ги подмират своите долгови кон федерацијата во однос на уплатата за котизација за учество во Првата лига и за лиценците за странски играчи, како и изречените казни.

Од федерацијата информираат дека трите прволигаши кои се уште не ја уплатиле првата рата од котизацијата во износ од 10.000 евра имаат рок до 2 март (петок) да ја извршат уплатата.

Клубовите мораат да ги подмират лиценците за странските играчи до 30 март со обезбедена банкарска гаранција за наплата до 20 април. Клубовите исто така мораат да ја платат и втората рата од котизацијата и за сите изречени казни најдоцна до 20 април.

Доколку клубовите не ги прифатат овие услови на МКФ и не ги испочитуваат роковите, тогаш тие ќе бидат суспендирани.

Интересно е тоа што само еден прволигаш од вкупно 12 досега ги има подмирено сите финансиски обврски кон МКФ, а тоа е дебитантот Блокотехна. Неофицијално клубовите должат вкупно осум милиони денари.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ