Мизрахи: Јас сум Рашела Мизрахи горда Еврејка од Македонија

Tехничкиот премиер Оливер Спасовски објасни дека бара да биде разрешена техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, поради серија јавни настапи на кои грубо го прекршила Уставот и законите.

-Поради повторувањето на ова однесување неизбежен е впечатокот дека свесно го крши Уставот и во ризик ги стави односите со соседите и евроинтеграциите. Мизрахи ја злоупотреби функцијата за партиски цели. Во Собранието се заколна дека ќе работи согласно Уставот и законите. За да ги спречам последиците, поднесов предлог да биде разрешена.

Спасовски рече и дека се надева дека ВМРО ДПМНЕ ќе предлози кандидат кој ќе ги почитува Уставот и законите.

Мизрахи во своето обраќање пред пратениците рече дека уште невлезена во министерството за труд и социјала била мета на антисемитски напади а тие што ги оркестрирале нападите тоа го осудиле со бледо соопштение. Хајката против неа кулминирала со како што рече ефтина партиска претстава наречена тблата во министерството за труд и социјална политика. Говореше дека во министерството затекнала нарушени човечки односи и исплашени вработени, а говорот го заврши со реченицата: Јас сум Рашела Мизрахи горда еврејка од Македонија.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ