Мицковски се обиде да влезе во посета на Јанакиевски

Додека Миле Јанакиески беше во градската болница 8-ми септември, таму се појави и  раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Сакаа да го посетат екс министерот, но немаа судско одобрение за посета на притвореник. Се обидоа да влезат внатре.

Подоцна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски беше пуштен внатре, но не и во собата на Јанакиески. Дежурниот лекар му дал кратко обајснување за здравствената состојба на повредениот, но пред собата имало многу полицајци тврдеше Мицкоски и за инцидентот во Шутка ја обвини власта. Побара одговорност и оставки од премиерот Заев и министрите за правда и за внатрешни работи. Мицкоски оцени дека двајцата притвореници не се заштитени доволно, и не се насилни како што ги прикажува затворската управа.

Срамота! Ако е ова примерот на демократските институции, ако ова е животот кој што се донесе во Република Македонија, нека им служи на чест. Граѓаните на Република Македонија ова нема да го заборават и за сите овие злодела ќе ги казнат насилниците и сторителите, рече Мицкоски.

Неговите тврдења ги негираат сите, од затворската управа и од болницата. Министерството за правда ги осуди инцидентите и очекува санкционирање на сторителите на насилство, но, и на сите оние кои не презеле мерки за спречување на вакви ситуации. СДСМ пак обвини дека денешните инциденти се сценарио на Мицкоски и бегалецот во Будимпешта Никола Груевски.

Мицкоски и Груевски очајно се обидуваат преку нови насилнички сценарија да ја дефокусираат јавноста од водечката улога на врвот на ВМРО-ДПМНЕ како осомничен организатор за насилствата на 27 април, рече Костадинов.

Според СДСМ, настаните од 27-ми април мора да се истражат и да се откријат организаторите.

Игор Трајков

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ