Мицковски: Прво предвремени избори, па НАТО и ЕУ

Силни пораки упати опозициската ВМРО ДПМНЕ од протестниот марш во Кавадарци. Без ниту еднаш да го спомене референдумот, Христијан Мицковски рече дека власта ја загубила совеста и дека прави обид за замена на системот на вредности со поделеност на луѓе кои сакаат во ЕУ и НАТО и на оние што се против. Порача дека Македонија ќе стане членка на НАТО и ЕУ кога ќе раскрсти со остатоците на политичките транзиционери кои ги окупираат влкадините кабинети. Тие треба да се вратат на буништето на срамната политика, рече Мицковски а тоа е можно само со предвремени парламентарни избори.

„ Во НАТО и ЕУ не се местат тендери на роднини и членови на Владата, таму не се возат воени хеликоптери на ручеци и приватни забави, таму нема да видите ослободени криминалци или аболицирани премиери, нема да видите како градоначалници шверцуваат стотици, илјадници пакетчиња цигари, нема тоа да го видите во НАТО и ЕУ. Да не се лажеме далеку сме и од НАТО и од ЕУ, бидејќи таму не се оди со овие луѓе и со и вредностите што овие луѓе настрана ги продаваат“, рече Мицкоски.

Тој го потсети премиерот Заев на интервјуто дадено на една грчка телевизија каде според него наместо да ја ослови државата со нејзиното име, изговори само “тоа на М”.

„Пенкалото не се бакнува туку името на државата што те родила и школувала, земјата што ќе ја водиш уште малку. Не биди чирак како во приказните туку горд Македонец“, му порача Мицкоски.

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ повтори дека не се договарале за членови во ДИК за да осигураат амнестија. Бараме, рече тој, само фер услови за да ја декласираме власта на избори а потоа ќе се слави европската иднина.
„ Ќе ја славиме таа иднина, но најпрвин ќе завршиме со криминалот и ревизија на аболицијата за Глобал. Ќе завршиме со ревизија на ослободителната пресуда за „Поткуп“ и нема да биде Кацарска, ќе биде независен судија и обвинител, кој што ќе досуди казна која што ја заслужуваш. Ќе завршиме со минатото, па потоа ќе градиме европска иднина“, изјави Мицкоски.

Учесниците маршираа низ Кавадарци изразувајки го својот револт од намерата да се промени името на државата.

Според Мицковски следува тежок и битка помеѓу две опции, едната за спас на кариерата на Заев а другата за Макеоднија

Виолета З Стојановска

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ