Мицкоски: Кацарска и Русковска ќе пропеат кој ги терал да гонат- протести на ВМРО-ДПМНЕ

По вторпат пред владата, опозицијата протестираше. И оние што се внатре, ги обвини дека две години ги снимале обвинителите и судиите за да работат онака како што сака власта и Заев. Како пандан на сваровски судството, опозицијата измисли свој термин кој го надгради и прошири. Преку спомнатите Кацарска и Русковска, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ проследи и предупредување.

А пред влада се пееше химната, но и се скандираше за оставка на владата на Заев. Не спомнува датуми кога очекува парламентарни избори, но Мицкоски е уверен во сигурна победа на ВМРО-ДПМНЕ на првите редовни, претседателските избори напролет. Лидерот на опозицијата го повтори ставот дека е против промена на името, а на оние што учествуваат во преговарите им вети дека ќе ја платат политичката цена на избори. На тема името нема да собира политички поени.

На протестот беше осудено поскапувањето на лебот, непреземањето мерки против загадениот воздух, мерките кои според нив се лоши за земјоделците. Мицкоски, владеењето на СДСМ го нарече црнила за државата-и ги обвини Заев и министерот Спасовски дека вршат притисок и претреси во куќи на луѓе кои сакаат да протестираат против нив. Протестот почна пред партиското седиште, а оттаму по скопските улици приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ маршираа до зградата на владата. Исти протести најавија и за идната среда.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ