Мицкоски бара мнозинство за предвремени избори, Заев против

ВМРО-ДПМНЕ преговара за обезбедување мнозинство во Парламентот за предвремени парламентарни избори.

Премиерот Заев е против.вели дека и да нема датум за почеток на преговори , предврмени избори нема да има.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, очекува подршка од група пратеници за да може иницијативата да добие зелено светло.

Доколку  евентуално победат на избори нема да коалицираат со партијата на Албанците која добила најмногу пратенички места туку ќе се раководат од принципот програма со програма.

Мицкоски обвини дека доколку не добиеме датум за почеток на преговори виновници ќе бидат Зоран Заев  и СДСМ затоа што  не сакале да се донесе нов закон за јавно обвинителство кој сега се наметнува како услов од Франција. Дополнителен проблем според него е и мислењето на   Венецијанската комисија за законот за јазици како и урнисаниот правен систем.

Премиерот Заев негира дека   законот за јавно обвинителство е пречка за добивање датум  и не верува дека за ова прашање ќе се кршат одлуките на земјите членки на Унијата.            

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ