Митревски заминува од Еурофарм Пелистер

Според последните информации од Битола,Никола Митревски најавил  дека  од наредната сезона нема да биде дел од Еурофарм Пелистер.Поранешниот голман на Бенфика и Доброгеа Суд,  пред  една година се врати во Битола,  имаше  одлична сезона и за очекување е дека 34-годишниот македонски репрезентивец  ќе  продолжи со  интернационалната   кареира.Во  прекинот на сезоната, Еурофарм Пелистер е исклучитечно активен. Македонскиот вицешампион  ги официјализираше трансферите на Периќ и Танкоски,но ќе мора да побара замена и за Митревски  откако од екипата  заминаа Јотиќ, Остроушко и Шевелев.

 

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ