Митревски: Најважни се победите

Никола Митревски блескаше на вечерашниот дуел против Украина и еден од најзаслужните за стартниот триумф на Европското првенство.

Македонскиот репрезентативец во текот на шеесетте минути забележа вкупно 15 интервенции и не дозволи противникот во финишот да направи пресврт  и нашата селекција дојде до толку посакуваната победа.

“Среќни сме што стартувавме со два бода. Имавме водство цел натпревар, но поради падот на концентрација во финишот се влезе во неизвесна завршница. Не стануваше збор за некое тактичко изненадување од противникот, голем дел од мечот го одигравме како што се договаравме, но тој мал пад на концентрацијата го промени текот на случувања на теренот. Најважни се бодови, најмалку битно во моментов е дали сме триумфирале со еден или повеќе голови разлика бидејќи се бројат само победите”, истакна Митревски по завршувањето на натпреварот во Виена.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ