Министеството за култура ја промени одлуката под притисок на јавноста

Покрај најавената подршка на фестивалот „ Златно славејче“, Министерството за култура подржа дел од проектите, чии организатори жестоко реагираа во јавноста зашто не поминаа на конкурсите. Скопскиот џез фестивал доби 3 милиони денари, Авалон продукција и ОФФ Фест- по 1 милион денари, а фестивалот Здраво млади, е подржан со 150 илјади денари. Ова е епилогот од едномесечната ревизија на првично објавените резултатите во Годишната програма за култура на ресорното министерство.

  • По првично објавените резултати, откако беа увидени формални недостатоци во документацијата на дел од пријавите, на апликантите им се даде можност, во соодветен рок да достават дополнителни појаснувања и документација за нив. Исто така, беше извршен и детален преглед на бодовите за секоја ставка од конкурсите, а беа одржани и средби со дел од културните оператори, велат од Министерство за култура.

Ревизијата на одбиените проекти следуваше по бранот незадоволство во јавноста за начинот како биле распределувани сретствата, а одбиени апликанти коментираа дека се фаворизирани проекти на поединци, блиски до власта. На барање на опозицијата, која тврдеше дека со Годишната програма се подржани фирми и здруженија формирани пред отворањето на конкурсите, утре се очекува надзорна расправа во собраниската комисија за култура. А , истрага за распределбата на сретствата од годишните конкурси за подршка на проекти од национален интерес најави и Антикорукписката комисија.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ

Култура

Сликарот Мице Јанкуловски  доби „ Лоренцо Ил Мањифико“, за животно дело од Меѓународното биенале  на современа уметност во Фиренца

Мултимедијалниот уметник и директор на Галеријата Остен,  Мице Јанкуловски, е добитник на наградата „Лоренцо Ил...