Министерството за здравство бара внимателност од лицата со одредени хронични заболувања

Лицата со одредени хронични заболувања се во поголем ризик од компликации типични за коронавирусот. Од министерстото за здравство до нив апелираат да бидат особено внимателни и да ги следат доследно сите препораки за заштита од вирусот.
Листата на ваквите хронични болести е објавена на страна на Министерството за здравство.

 

Хронични респираторни заболувања:

ХОББ – Хронична опструктивна белодробна болест – J44

Астма – J45

Интестицијална фиброза – Ј84

 

Тешки кардиоваскуларни заболувања:

Срцева слабост со EF< 6 месеци

Имплантиран пејсмејкер или срцев дивајс до 3 месеци

Длабока венска тромбоза до 3 месеци

 

Дијабетес мелитус:

Дијабетес тип I – инсулин зависен

Дијабетес тип II на инсулинска терапија со коморбидитети: Миокарден инфаркт, церброваскуларен инсулт, стеноза на периферна циркулација и ХБИ

 

Сите малигни заболувања:

C00-C97

 

Имунокомпромитирачки состојби:

Состојба по трансплантација на бубрег – Z94.0

Хроничен нефротичен синдром – N04.9

Интермитентна хемодијализа – Z99.2

Состојби со биолошка или комбинирана имуномодулирана терапија – M05, M06, M45.00 Некротизирачки васкулопатии, системски еритематозен лупус, дерматополимиозит, системска склероза – M31 – M34

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ