Министерството за култура ги поништи резултатите од ланскиот конкурс за откуп на класични дела, од СОКОМ бараат прифаќање  на резултатите

Поради административни пропусти во спроведувањето, Министерството за култура го поништи објавениот конкурс за откуп на дела од класичната музика, распишан минатата година. За објавените , па повлечени резултати од конкурсот, од  веб- страницата на министерството, во дописот од таму се вели дека тие биле предлози на комисијата, а не финални резултати.

„Објавените резултати на веб- страницата, се всушност предлози на комисијата, а не финални резултати, бидејќи за истите министерот за култура не донел решенија. По увидениот пропуст, објавата беше тргната од веб- страницата на Министерството. Следствено на тоа, објавената информација не претставува објавување на резултатите од конкурсот, според законските прописи и затоа истата треба да се смета за неважечка“, велат од министерствотo.

Реагираа од Сојузот на композитори на Македонија.

„Се обраќаме до Министерството надлежно за спроведување на Конкурсот, со барање, постапката без понатамошно одложување да се доврши и да се достават договорите до наградените автори, согласно објавените резултати.“

Од СОКОМ додаваат дека деградираните автори кои поминале на сега веќе поништениот конкурс, ќе бидат приморани правдата да ја бараат на суд. А, од Министерството за култура објаснуваат дека конкурсот ќе се повтори и дека на него ќе имаат право да учествуваат апликантите и од поништениот конкурс. И дека ќе се поведат дисциплински постапки за службите што го спровеле конкурсот, со цел утврдување одговорност за направените пропусти.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ