Милвоки поведе против Торонто со 2:0

Кошаркарите на Милвоки повторно ја искористија предноста на домашниот терен и во финалната серија на Истокот против Торонто поведоа со 2:0.

Милвоки славеше со 125:103, а првата ѕвезда во домашниот тим Јанис Адетокумбо мечот го заврши со 30 поени, 17 скока и пет асистенции. Ерсан Иљасова беше стрелец на 17 поени додека Никола Миротиќ имаше учинок од 15 поени и шест освоени топки под обрачите.

На спротивната страна Каваи Ленард впиша 31 пен и осум скока, а Паскал Сиакам постигна 15 поени.

Серијата се сели во Торонто, а следниот натпревар ќе се одигра в понеделник.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ