Мијалков: Костовски сведочи “рекла казала”

Прашања и одговори кои на моменти заличуваа на дуел – повеќе од еден час поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков  го распрашуваше клучниот сведок во Таргет Тврдина , за масовното прислушување, свиркачот од УБК Звонко Костовски.

Со долга листа на прашања напишани на повеќе страници Мијалков се обиде да го дискредитира сведочењето на поранешниот колега.

На моменти коментираше дека Костовски се збунил во сеќавањето или пак дека сведочи врз основа на рекла казала. На сведокот му поставуваше прашања како да е обвинет или пак бараше и за тоа што го кажал да приложи докази дека е точно  на што Костовски му одговараше  дека не е обвинител и дека го говори тоа што го знае.

Мијалков иронично го праша Костовски и дали треба да му верува дека иако имал можност да маркира телефонски броеви за прислушување тоа не го правел на што доби одговор од сведокот во сличен стил: Дали и ние да ви веруваме дека системите сами се уништиле.

На прашањето дали под професионален однос со другиот сведок Ѓорѓи Лазаревски, мисли на копирање и предавање на материјали надвор од МВР, Костовски одговори дека мислел на нивната заедничка работа во УБК.

Испрашувањето на Мијалков од страна на Костовски ќе продолжи и на наредното рочиште на Таргет Тврдина.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ